Потрошувачите најмногу се жалеле на сервисирање технички апарати

Bez autora
Jun 01 2014

Сервисирањето технички апарати бил најголем проблем на кој се пожалиле македонските граѓани во април годинава до Организацијата за заштита на потрошувачите. Најмногу поплаки имало за мобилни телефони, лаптоп, телевизори, како и производи од бела техника меѓу кои се фрижидери, машини за перење и шпорети. Проблемот се јавува затоа што потрошувачите с`уште не знаат дека еден производ, согласно Законот за заштита на потрошувачи, може да се сервисира најмногу трипати и доколку се расипе четврти пат тие имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата, информираат од Организацијата за заштита на потрошувачите.

Потрошувачите најмногу се жалеле на сервисирање технички апаратиСервисирањето технички апарати бил најголем проблем на кој се пожалиле македонските граѓани во април годинава до Организацијата за заштита на потрошувачите. Најмногу поплаки имало за мобилни телефони, лаптоп, телевизори, како и производи од бела техника меѓу кои се фрижидери, машини за перење и шпорети.

- Проблемот се јавува затоа што потрошувачите с`уште не знаат дека еден производ, согласно Законот за заштита на потрошувачи, може да се сервисира најмногу трипати и доколку се расипе четврти пат тие имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата - информираат од Организацијата за заштита на потрошувачите.

Појаснуваат дека сервисирањето на производот може да трае најмногу 30 дена и дека доколку не се сервисира во тој период, потрошувачите имаат право да бараат нов производ или поврат на парите. Kако што наведуваат, чести се проблемите кога трговците од најразлични компании не ги почитуваат овие права на потрошувачите и често не им даваат нови производи или поврат на средствата. Потрошувачите реагирале и на купувањето во интернет продавници и неможноста да остварат контакт доколку не се задоволни од производот што го порачале.

Потрошувачите се пожалиле и во јавните претпријатија и кај телекомуникациските оператори. Најчесто за сметките што или им стигнувале однапред или воопшто не стигнале, потоа биле нереални сметките за вода и смет или парно. Чест проблем, посочуваат, се и договорите што се потпишуваат со телекомуникациските оператори кои содржат пасуси со многу мали букви поради што постарите лица не ни можат да ги прочитаат и се јавува проблем кога некој ќе ги извести што точно потпишале.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik